wordpress counter

Толку пари за еден оброк?!

НАЈСКАПОТО КАРИ

Ако мислевте дека рецесијата ќе ги смени навиките на луѓето, тогаш сте се излажале. Потврда за тоа е најскапото кари на светот, кое можете да го нарачате во ресторанот Бомбај Бросери во Лондон. Порција од Самундари Казан, како што се нарекува овој оброк, чини ни помалку ни повеќе туку 2.000 фунти (околу 150.000 денари).

Инаку, порцијата се состои од кавијар, тартуфи, морски полжавчиња, шкотски јастог и златни додатоци кои можат да се јадат. Според сопствениците, цената останува таа и покрај рецесијата, бидејќи и натаму има луѓе кои можат да си го дозволат овој луксуз или декаденција – како сакате.

Името на ова скапоцено кари во превод значи морско богатство и првобитно било направено за промоција на ДВД изданието на индискиот филм „Милионер од предградието“, но подоцна било одлучено да остане на менито на ресторанот.

Related Posts with Thumbnails