wordpress counter

„Traikovsky“ – Прв македонски коњак

Минатата недела ве запознавме со еден нов македонски бренд кој навистина пријатно нѐ изненади. Денес, ве запознаваме со уште еден врвен производ. Станува збор за првиот македонски коњак – Traikovsky.

Оваа приказна е една од најубавите кај нас. Традиција која е започната уште од пред 80 години, која се пренесува од генерација на генерација. Но, традиција која е надополнета со сите знаења и достигнувања на модерното производство на коњак. Имено, овој пијалак се произведува по принцип на француските коњаци, односно со дестилација на вино.

Производителот Питком, го започна своето производство во долината на планината Кожуф. Виното е добиено од грозје од Тиквешкото виногорје и по дестилацијата три години се чува во дабови буриња.

Овој коњак има комплексно буке, со интензивни ароми на какао, карамел и цимет. Вкусот има освежителни ноти на кора од портокал, мед, чоколадо и лешник. Голтка „Traikovsky“ има интензивен и долг финиш, кој одново и одново се навараќа на сите наши сетила.

Интересно е дека, сега за сега, може да се најде само во специјализираните продавници за алкохолни пијалаци. Се најавува продажба и преку специјализирани веб портали и отворање на бутик винарија.

Related Posts with Thumbnails