wordpress counter

„TUTTOFOOD“ 2009

TUTTOFOOD 2009

Од 10 до 13 јуни во Милано, Италија ќе се одржи еден од најдобро организираните саеми на храна – Tuttofood. На овој саем учествуваат сите имиња што нешто значат во светот на храната, од производители преку сопственици на ланци на супермаркети, ресторани, кетеринг компании, хотели, големи светски готвачи и секако уживателите во храната, или попознати меѓу нас како гурмани. Ова е одлично место да се запознаете со сите иновации и планови на индустријата за храна. А, подобар домаќин на оваа тема не може ни да се посака. Долгата кулинарска традиција и љубовта кон храната се одлични предуслови за ваква манифестација.

На саемот ќе се одржат и неколку натпреварувања: во иновативни продукти, во квалитетни и скапи производи, како и наградите за најдобри млечни производи.

Влезниците може да се купат по цена од 50 евра за еден ден, па до 100 евра за сите 4 дена. Доколку одлучите да ги купите online, ова задоволство ќе ве чини двапати помалку.

Related Posts with Thumbnails