wordpress counter

ТВ рекламите го зголемуваат апетитот

ТВ РЕКЛАМИТЕ ГО ЗГОЛЕМУВААТ АПЕТИТОТИстражувачите на Јеил Универзитетот направиле серија експерименти со цел да го утврдат ефектот од ТВ рекламите за храна. Од истражувањата е утврдено дека овие реклами водат кон зголемен број на ужинки и поголема консумација на грицки, со што се зголемува ризикот од зголемување на тежината.

Еден експеримент покажува дека децата помеѓу 7 и 11 години, кои гледаат цртан филм од половина час во кој се вклучени и реклами за храна, јадат за 45% повеќе грицки за разлика од оние кои гледаат програма без реклами за храна. Друг експеримент покажа дека возрасните кои гледаат ТВ реклами за брза храна јадат многу повеќе од тие кои гледаат реклами за здрава храна или храна богата со нутритивни вредности.

Related Posts with Thumbnails