wordpress counter

„Ука комерц“ – прва македонска фирма со ХАЛАЛ сертификат

„Ука Комерц“ од Скопје е првата македонска фирма која го доби ХАЛАЛ сертификатот. Сертификатот им го додели поглаварот на Исламската верска заедница, реиз ул Улема Сулејман Реџепи. На овој начин, за оваа наша фирма се отвoра огромен пазар на кој ќе може да ги пласираат своите пороизводи.

ХАЛАЛ сертификатот подразбира, освен примената на строги хигиенски правила, заштита од употреба на свинско месо или алкохол во производниот процес, како и начинот на кој е заклано животното. Сертификатот го одоборува Дирекцијата за ХАЛАЛ која се наоѓа во Тузла, Босна и Херцеговина. Со овој сертификат, „Ука Комерц“ им гарантира на сите свои купувачи дека месото е произведено согласно верските обичаи.

Инаку, „Ука Комерц“ е семејна фирма чии погони се наоѓаат во скопското село Љубин. Половина од производството е наменето за извоз. Четворицата браќа Абази, веќе 18 години одлично ја водат работата. Добивањето на сертификатот е уште една потврда за добриот менаџмент на „Ука Комерц“.

Related Posts with Thumbnails