wordpress counter

Уметност која се јаде

УМЕТНОСТ КОЈА СЕ ЈАДЕОброкот во познатиот Кукинои ресторан е навистина иновативен: менито се состои од 12 главни јадења со преку 60 ставки, секоја од нив внимателно избрана за да ги исполнува критериумите за најсвежа и најквалитетна состојка која е на располагање во моментот.

Менито е инспирирано од јапонската церемонија на пиење чај и практитките на монасите-будисти кои избегнувале да консумираат месо. Имено, пред повеќе од 500 години се сметало дека зелениот чај е премногу јак напиток за да се консумира на гладен стомак, па затоа Јапонците почнале да служат и мали оброци со него, за да ѝ дадат што повеќе уживање на оваа церемонија која е една од најважните во долгата јапонска традиција. Можеби затоа оброкот ќе се растегне на повеќе од три часа вкусување на прекрасни работи и на три часа време поминато со вашите блиски, а сето тоа ќе ви додаде само 1000 нови калории на вашата става.

А сега малку и за пречекот во ресторанот, кој е далеку од тоа што го имаме кај нас. На влезот ќе ве дочека млада девојка во кимоно, која е потпрена со своите колена на подот и чека да ги собуете вашите чевли. Потоа, ќе ве испрати до посебна просторија во која ќе ви биде послужено јадењето. Просторијата е пространа, со простирки и перничиња на подот, а во средината се наоѓа црна маса. Вие си седнувате на перниче, а вашите нозе ги ставате под масата во посебно направен отвор за да ви ги чува вашите стапала топли. Додека го чекате казукито, пред вас е проѕирно стакло низ кое гледате пријатно осветлена градина, полна со растенија во сите можни бои… И потоа се чудиме како тоа Јапонците биле толку смирени.

Related Posts with Thumbnails