wordpress counter

Унгарија со повисоки даноци за „нездравата“ храна

Минатиот вторник, унгарската влада го одобри таканаречниот „данок на хамбургери“, односно храна за која државните претставници од Агенцијата за храна сметаат дека е нездрава. Новата давачка стапува на сила од 1-ви септември.

Во оваа група на храни спаѓаат: храна со многу шеќери, сол и јаглехидрати, продукти кои содржат повеќе од 20 мг кофеин на 100 мл производ, чипсови, енергетски пијалаци, некои видови чоколади, колачи, торти, сладоледи и инстант супи.

Таксата ќе се движи од 60 денари по литар енергетски пијалак, па сѐ до 100 денари за литар инстант супа. Во текот на наредната година, нивниот износ ќе биде зголемен.

Мерките се преземаат со цел да се сочува здравјето на унгарците, кое е даелку под нивото на развиените економии. Според државната логика, колку помалку пари трошат унгарците на „нездрава“ храна, толку помалку ќе потроши државата за нивно лекување.

Логиката е сосема на место. Останува да видиме дали и колку нашата влада работи на ова прашање и дали подготвува некакви мерки за заштита на здравјето на граѓаните. Гурман™ со задоволство ќе ја прифати секоја мерка од државните органи која е оправдана и ќе има за цел да го подобри здравјето на нашите граѓани.

Related Posts with Thumbnails