wordpress counter

Уште еден сертификат за „Виталија“

ВИТАЛИАКомпанијата за здрава храна Виталиа го збогати своето портфолио со уште еден светски познат сертификат. По добивањето на сертификат за органско производство, Виталиа со гордост се сертифицира и со сертификатот познат под името Кошер.

По барање на своите партнери од Израел, Виталиа исполни уште еден критериум воспоставен и особено познат кај Евреите. Имено, Кошерот претставува сертификат со кој се потврдуваат постоечките норми за храна од еврејската религија, и ваквиот сертификат е неопходен за извезување во земји со еврејска вероисповед. По присуство на сертификациона комисија за проверка на производството, Виталиа се вброи во ретките македонски компании кои го поседува овој сертификат. Со тоа се отвори уште една насока во извозната мрежа на Виталиа.

Related Posts with Thumbnails