wordpress counter

Ваши рецепти

Порталот за храна и готвење, Гурман™, покрај категоријата „РЕЦЕПТИ“, каде ги објавуваме нашите рецепти секоја недела, има и посебна категорија која ја нарековме „ВАШИ РЕЦЕПТИ“. Во неа ги објавуваме сите рецепти кои ни ги испратиле нашите читатели и читателки.

Веруваме дека во секој од нас се крие по еден мал виртуоз на готвењето. И секој од нас има омилен рецепт или јадење кое најдобро го подготвува. Затоа, ве повикуваме да ни ги испратите вашите рецепти и да ги споделиме со другите читатели.

Се што треба да направите е да го испратите рецептот (состојки и начин на подготовка) и доколку имате фотографија на recepti@gurman.mk. Дел од досегашните ваши рецепти може да ги погледнете на http://gurman.mk/vashi-recepti.

Воедно, редакцијата на Гурман™, ве информира и дека подготвува изненадувања за сите оние кои ќе ги споделат нивните омилени јадења и рецепти со нас.

Related Posts with Thumbnails