wordpress counter

Вечера во океан

ВЕЧЕРА ВО ОКЕАН

Доколку се решите да вечерате во Итаа, тоа нема да го направите поради тоа што храната е одлична. Ќе го посетите овој ресторан само поради несекојдневното доживување кое ќе ве остави без здив и веројатно дека ќе го помните во остатокот од вашиот живот.

Итаа е подводен ресторан, сместен покрај коралните гребени на Малдивите, во Индискиот Океан. Нуди прекрасен поглед на флората и фауната во океанот додека со вашите блиски ја задоволувате својата глад. Ресторанот е дел од ланецот хотели Хилтон, а овие фотографии барем малку ќе ви ја доближат радоста на оброкот под површината на водата.

ИТАА ПОДВОДЕН РЕСТОРАН

Од Sunset ресторанот на површината, преку дрвен премин ќе се најдете на 5 метри под брановите на Индискиот океан, во ресторан за само 14 гости. Ако сте помеѓу овие среќници, ќе ја имате шансата да јадете на единственото вакво место. И како што велат домаќините – во овој ресторан повеќе се јаде со очи отколку со уста.


Related Posts with Thumbnails