wordpress counter

Вегансексуалци

ВЕГАНСЕКСУАЛЦИ

Заборавете на хомо, би или метросексуалците – најновиот префикс за кој сите зборуваат е „веган”, или поточно – вегансексуалците. Во студија на Кентербери Универзитетот во Нов Зеланд учествувале 157 испитаници од кои 120 жени. Прашањата во студијата се однесуваа на живот без насилство, односно одбивањето на луѓе кои јадат месо да ви бидат партнери.

Дел од испитаниците дури изразија и колебање во поглед на тоа дали би бакнале човек кој јаде месо. Некои сметаат дека мирисот на телото на луѓето кои консумираат месо е сосема поинаков од мирисот на вегетаријанците. Додека за повеќето од нив врската помеѓу вегетаријанец и невегетарајнец носи раздор во поглед на вредностите кои ги делат партнерите и моралниот код.

Инаку, професорката Ени Потс од Кентербери Универзитетот е кум на вегансексуалците. По резултатите од оваа студија останала зачудена од негативниот одговор на т.н. сѐјадачи. Според нив, имањето емотивна врска само со својот вид, им ја скратува можноста на вегетаријанците да влијаат на партнерот кој јаде месо со помош на најмоќното оружје – сексот.

Како и да е, за секоја расправа мора да има две страни. Еве еден повик до нашите посетители вегетаријанци да ни потврдат дали се согласуваат со овие тврдења, или пак имаат други ставови по ова прашање.

Related Posts with Thumbnails