wordpress counter

Венецуела ја забрани Coca Cola Zero

ВЕНЕЦУЕЛА ЈА ЗАБРАНИ COCA COLA ZERO

Владата на Венецуела наложи забрана на Coca Cola Zero поради сѐ уште неутврдени последици кои овој производ може да ги има по здравјето на жителите на Венецуела. Одговорните лица на американскиот гигант тврдат дека пијалакот е сосема здрав и може слободно да се консумира. Досега немаат добиено никакво официјално објаснување од властите на Венецуела. Оваа забрана доаѓа по само два месеци откако започна да се продава овој производ во Венецуела.

Владата не понуди ниту една причина за ваквата одлука, освен изјавата на министерот за здравство, Хесус Мантија, кој соопшти дека одлуката е донесена за да се сочува здравјето на Венецуелците. Меѓутоа, некои од аналитичарите веќе излегоа со мислење дека оваа одлука е дел од борбата против САД и капитализмот што ја води еден од „последните мохиканци“- претседателот на Венецуела, Хуго Чавез.

Related Posts with Thumbnails