wordpress counter

Видео: Најскапиот колач на светот

Компанијата за производство на десерти „Bloomsbury“ од Дубаи го произведе најскапиот колач на светот, чија цена изнесува околу 50.000 денари. Станува збор за колачот „The Golden Phoenix“, кој се приготвува од најфините, најскапите и најквалитетните состојки.

Имено, колачот се приготвува од 23 каратно злато кое се јаде, зрна ванила од Уганда, какао од Италија и органско брашно од Британија. Се јаде со златна лажица, а може да се порача во нивната слаткарница во Дубаи.

Интересно е дека се потребни 48 часа за да се направи овој десерт. Според извршниот директор, овој колач се разликува од другите слични кои се направени во светот по тоа што „Златниот феникс“ се јаде целосно. Другите се полнети со дијамнти и слични скапи состојки кои не се јадат, туку само ја зголемуваат цената.

На видеото подолу можете да видите како се приготвува најскапиот колач на светот:

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

4 вкусни рецепти од лубеница (2 дел)

Во првиот дел од статија објавивме два вкусни рецепти со лубеница - лубеница со мента и „аква фреска“ од лубеница....

Close