wordpress counter

Вили Вонка ја завршува кариерата

Енгус Кенеди, професионален дегустатор на чоколади, мора да ја заврши својата кариера од соништата затоа што му се заканува опасност од срцев удар. Како што пишува „Телeграф“, 47-годишниот Кенеди, кој уште го нарекуваат вистинскиот Вили Вонка, има преголемо количина холестерол во организмот.

Дегустаторот јадел по 900 гр слатки секој ден од 2010 година наваму и за тоа време успеал да се здебели за 12 килограми. Поради тоа, сега мора да се откаже од работата која ја обожува.

Интересно е дека Kенеди дегустирал и по 200 различни чоколадnи производи месечно.

Неговото интервју за оваа работа од соништата можете да го погледнете на видеото подолу:

[youtube]http://www.youtube.com/watch?v=bNSw0m9rccs[/youtube]

Related Posts with Thumbnails