wordpress counter

Винаријата „Дудин“ трета во Франција

<img title=”ВИНАРИЈАТА „ДУДИН“ ТРЕТА ВО ФРАНЦИЈА” src=”http://gurman.mk/wp/wp-content/uploads/2009/06/dudin.jpg” alt=”ВИНАРИЈАТА „ДУДИН“ ТРЕТА ВО ФРАНЦИЈА” width=”590″ height=”198″ />

Секоја година во Франција се одржува една од најпрестижните манифестации на виното, позната како Chardonnay du Monde. Оваа година натпреварот се одржи во Бургундија, на имотот на Пастер Институтот во Сен Лаже.

Во конкуренција беа 923 вина од 37 земји во светот, а единствениот претставник од Македонија беше винаријата „Дудин“ со своето Chardonnаy Barrique Akrato од 2006 година.

Во голема конкуренција со најголемите светски производители на вино од Шпанија, Франција, Италија и САД, „Дудин“ освои бронзен медал. Наградени беа само 307 вина, а во прогласувањето на наградите учествуваа преку 300 судии, од кои половината без Французи.

Од нашето соседство, Бугарија освои еден златен и три сребрени медали, Србија една сребрена, Хрватска исто една сребрена, а нашиот јужен сосед 2 златни и 4 сребрени медали.

Гурман™ искрено се радува на секој успех на македонските производители на светските манифестации и пазари, со надеж дека нивниот број постојано ќе расте. Честитки! <span style=”color: #ff0000;”>●</span>

Related Posts with Thumbnails