wordpress counter

Винаријата „Стоби“ отвори ресторан

Отворањето на нов, ексклузивен ресторан е последен чекор во заокружувањето на проектот винарија „Стоби“ во Градско. Ресторанот беше отворен неколку дена пред празникот на лозарите Свети Трифун. Сега, целата приказна доби финале – од лозови насади, преку производство на вино, специјален начин на чување, дегустација, па сè до вистинско кулинарско уживање.

Според луѓето од „Стоби“, концептот е сè да биде на едно место. Ресторанот е од отворен тип. Сите посетители можат да уживаат во вкусната храна и вината на „Стоби“.

Инаку, винаријата е сместена близу до античкиот локалитет со исто име и работи според сите европски стандарди. Капацитетот е 4.5 милиони литри годишно со над 15 сорти во четири категории – традиционални, класик, елит и премиум. Целата технологија е од Германија и Италија, а во меѓувреме се планира проширување на капацитетите, со што ќе се дојде до производство на 5.5 милиони литри.

Последната вест што ни доаѓа од оваа успешна македонска компанија е дека винаријата „Стоби“ наскоро ќе започне со производство на пенливо вино.

Едно огромно браво од Гурман™ за оваа наша винарија. Ние, како редакција, ќе продолжиме да ве информираме за сите успеси на „Стоби“. 

Related Posts with Thumbnails