wordpress counter

Виното „Вранец“ на „Тиквеш“ во Данска

Винарската визба „Тиквеш“ склучи договор за извоз на 80.000 шишиња од „Вранец“ од серијата „Special Selection 2011“ во Данска. Првите количини веќе се испорачани во 48-те специјализирани продавници на увозникот „Хансен“ („H.J. Hansen Vin A/S“), како и во рестораните ширум Данска.

Интересно е дека „Вранецот“ на „Тиквеш“ од серијата „Special Selection“ е прогласен за вино на годината од страна на увозникот и е позициониран во винските листи заедно со некои од најпознатите вина од Франција, Италија, Португалија, Австралија и од САД.

Пробивот на нови пазари е дефинитивна потврда за високиот квалитет на македонските вина. За постигнување на овој успех придонесуваат промотивни активности и позитивните критики од истакнати светски вински експерти.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Која е разликата помеѓу „Кока кола“ и „Пепси“?

Овие два пијалаци во моментов се најпопуларни газирани пијалаци во светот. Секој што ужива во нив (или најчесто во еден...

Close