wordpress counter

Вински градник

Ако ви е досадно кога одите на журки постојано да носите шишиња вино со вас или некој друг пијалак, тогаш решението за вас е токму овој вински градник. Особено поради фактот што жените носат и ред модни додатоци, па тешко се снаоѓаат со носење на дополнителни работи.

Градникот се базира на патентот кој веќе го користат планинарите – сламка која е поврзана со резервоар за вода кој се наоѓа во ранец.

Винскиот градник е достапен по цена од 30 долари, а може да собере и до 750 мл течност. Токму колку што е едно шише вино. Резервоарот е изработен од полиуретан кој е пришиен внатре и поврзан со сламка. Како што стојат работите, на изумителот Барон Бобу нема да му треба многу време да ја прошири оваа своја колекција.

Related Posts with Thumbnails