wordpress counter

Витамински гуми за џвакање

Денешните гуми за џвакање навистина се магични. Покрај тоа што давааат свеж здив, тие ја намалуваат појавата на кариес, ги избелуваат, па дури и ги зајакнуваат забите. Некои компании, како „Орбит“ и „Екстра“, имаат и сертификат од Американското стоматолошко здружение за нивното влијание врз намалување на можностите за појава на кариес.

Некои од производителите се свртеа и кон пазарот на функционлна храна. Имено, своите гуми за џвакање ги збогатуваат и со витамини и растителни продукти, за кои постојат докази дека имаат добро влијание на забите и на здравствената состојба на организмот.

„Страјд“ и „Тридент“, брендовите на Крафт Фудс, ги лансираа своите гуми за џвакање со додатоци како што се витамин Ц и женшен. Секоја гума Страјд Спарк содржи 25% од дневната потребна количина на витамин Б6 и Б12. Оваа гума за џвакање е достапна со вкус на мента или овошје, а во устата остава ефект на пецкање.

Related Posts with Thumbnails