wordpress counter

Кавга за сладолед во Европскиот Парламент

Деновиве, Европскиот Парламент беше средиште на една навистина необична расправа. Имено, една група на парламентарци, на чело со италијанецот Серџо Силвестрис, поднела декларација со која се бара да се прогласи Европски ден на сладоледот.

Тие наведуваат дека сладоледот во Европа е со врвен квалитет и дека во тој бизнис годишно се вртат стотици милиони евра. Според нив, сладоледот повеќе не е поризвод кој се консумира само во зима и дека со него Европа може да биде конкурентна и дека тоа треба да се искористи.

Но, сите парламентарци не го делеа нивниот ентузијазам. Британската конзервативна партија смета дека е непристојно во време на економска криза Парламентот да се занимава со расправии за десерти и законодавни процедури во врска со сладолед.

Останува да видиме дали 23-ти март ќе биде прогласен за Европски ден на сладоледот, како што бараат некои од парламентарците.

Related Posts with Thumbnails