wordpress counter

Во Загреб нови ресторани на секој чекор

И покрај рецесијата, бизнисот со ресторани и места за јадење цвета во хрватскиот главен град. Пред 3 месеци се отвори грчкиот ресторан Hellas. Атмосферата е бучна, забавна, речиси еуфорична: гостите зборуваат гласно, се шират звуци на грчка музика, се пијат узо и метакса. Недостига само уште кршење на чинии. Царство на веселиот, прифатлив кич.

Ресторанот Bocca Marai се смета за најголема ресторанска инвестиција во Загреб за минатата година. Станува збор за луксузен ресторан, кој сѐ уште не ја почувствувал славата. Масите се повеќе празни отколку полни, а локацијата му е дискутабилна. Интересно е дека има две функции: преку ден е ресторан во кој се хранат вработените во Кроација Осигурување, а навечер е ресторан отворен за сите заинтересирани да уживаат во вистински специјалитети.

Близу овој ресторан, од неодамна постои и пицеријата Лукас. Обожавателите на овој италијански специјалитет велат дека оваа пицерија има со што да се пофали. Станува збор за одлично и цивилизирано место, полно со ситни предети кои ја прават атмосферата и одличен излог.

Веќе на почетокот од оваа година се планира и отворање на уште два ресторана: Такеноко 2 и Апетит 2. Овој град навистина има со што да се пофали. Останува да го посетиме и да уживаме во богатата гастрономска понуда.

Related Posts with Thumbnails