wordpress counter

Во затвор поради кавијар

Еден американски дистрибутер на кавијар, кој избегнувал затвор речиси 25 години, минатата недела е прогласен за виновен за противзаконски увоз на 50.000 килограми кавијар од Иран и Русија во 80-тите години на минатиот век.

Исидоро „Марио“ Гарбарино се соочува со казна затвор од 4 години откако признал дека имал шема за увоз без да плаќа увозни давачки. Вредноста на увозот била околу 10 милиони долари за период од три години. Интересно е дека Гарбарино бил главен снабдувач со кавијар на најекслузивните продавници, авиопревозници и компании за крстосување.

Потрагата по Гамбарино траела 25 години. Имено, тој откако ја платил кауцијата во вредност од 3 милиони долари, побегнал од САД. Оттогаш му се губи трагата, а уапсен е во Панама пред два месеци, во моментот кога менувал авион на аеродромот во главниот град на оваа јужноамериканска држава.

Related Posts with Thumbnails