wordpress counter

Водка со вкус на чаден лосос

Ова чудо од алкохолен пијалак е создадено во далечните северни краишта на САД, во Алјаска. Фабриката Alaska Distillery лансираше водка со вкус на чаден лосос. Одговорните лица во компанијата велат дека сакале да создадат производ кој ќе ја отсликува нивната држава. Според нив, нема подобар начин да се наслика Алјаска од чадениот лосос.

Сопствениците Тоби Фостер и Скоти Мекдоналд, имале повеќе од 40 обиди и експерименти додека не го направиле вистинскиот вкус. Според нивни зборови, работата била мошне тешка и напорна. Искрено, се согласуваме со нив дека дегустирањето на алкохол со вкус на риба е мачна работа за нашето сетило за вкус.

Очекуваме да видиме како пазарот и љубителите на водка ќе го прифатат овој производ. Иако, за волја на вистината, ние сме уверени дека никој не би сакал да мириса на лосос ако е отиден на журка.

Related Posts with Thumbnails