wordpress counter

Вселенска гастрономија

Познатиот германски готвач Харалд Волфарт, од неодамна е задолжен да ги приближи врвните специјалитети до астронаутите кои се наоѓаат на мисии во вселената.

За таа цел направил посебни деликатеси, како што се телешко месо со диви печурки, пире од грав, супа од компири или компот од суви овошја. Првата пратка веќе ја добија астронаутите на вселенската станица и имаат две години да ја исконсумираат, бидејќи толку е рокот на траење на овие специјалитети.

Харолд, кој готвел и за Бил Клинтон и Софија Лорен, смета дека во храната потребно е да се стават многу зачини, бидејќи вкусот се менува во вселената. Исто така, вели дека сосовите воопшто не се дозволени.

Ќе се запрашате зошто токму Волфарт? Го сметаат за еден од најдобрите европски готвачи, а неговиот ресторан Die Schwarzwaldstube дури 35 пати влегол меѓу најдобрите 50 ресторани во светот. Освен тоа, тој е и горд сопственик на три Мишелинови ѕвездички.

Related Posts with Thumbnails