wordpress counter

„Забранетиот“ ориз

Судејќи според новите научни откритија, црниот ориз ги претекна боровинките и оревите на табелата на најмоќни антиоксиданси. Студијата, чии резултати беа презентирани на конгресот на Американското Здружение за рак, наведува на заклучок дека лажица црн ориз содржи повеќе антиоксиданси во споредба со една лажица боровинки.

Во прилог на оризот оди и помалата содржина на шеќер, како и поголем удел на прехранбени влакна, железо и витамин Е.

Научниците веќе предлагаат употреба на црниот ориз во житарките и другата готова храна, при чие производство, сега се користи бел ориз. Инаку, црниот ориз најмногу се употребува во Кина за подготовка на тестенини, суши и пудинг.

Интересно е дека во некои од далекуисточните земји, овој тип на ориз сѐ уште се нарекува „забранет ориз“, бидејќи во минатото оваа храна била резервирана само за повисоките општествени слоеви.

Related Posts with Thumbnails