wordpress counter

Замина „DANONE“

DANONE

Даниел Карасо, по кого неговиот татко Исак во 1919 година ја нарече славната компанија за производство на јогурт Danone, почина на возраст од 103 години. “Danon” е деминутив за Даниел на каталонски.

Даниел во 1929 ја премести компанијата во Франција. Но, пред почетокот на Втората Светска Војна, како Евреин, емигрира во САД каде ја создава Danon. По војната се враќа во Европа и во 1951 ги спојува двете компании.

Клучно за ширење на светскиот пазар беше спојувањето со BSN Group во 1972. Денес, Danone групацијата е светски бренд кој произведува јогурт, овошни и јогурти од јаткасти плодови, слатка павлака, фромаж и ред други млечни производи кои се корисни за здравјето.

Инаку, Даниел Данон Карасо беше вклучен во активностите на фирмата до самата своја смрт, вклучувајќи ја неодамнешната прослава на 90-годишнината на брендот.

Related Posts with Thumbnails