wordpress counter

Започна со работа сервисот за достава Donesi.com

Од пред неколку дена, кај нас започна со работа сервисот за достава на храна, Donesi.com. Станува збор за сервис кој веќе работи успешно неколку години на територијата на Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Сега за сега, сервисот работи само во Скопје, но се очекува негово проширување и во другите градови во Македонија.

Како работи сервисот? Доволно е да дојдете на веб-страницата и да ја одберете вашата локација. Потоа ја правите порачката и ја оставате адресата на која треба да стигне порачката и телефонот. Најважно од сѐ е дека не плаќате воопшто за услугата. Цените се исти како и во рестораните кои се дел од системот. Во овој момент, четири ресторани се дел од сервисот: ресторанот „Порто Фино“, пицеријата „Занзибар“, Гиро „Беко“ и ресторанот „Бравос“.

Ние, од Гурман™ веќе го испробавме системот и тоа меѓу првите. Нарачката се прави лесно и едноставно. Токму како што е наведено, јадењето пристигна за 30 минути. И плаќањето се направи при достава. Без да се наплаќа дополнително за оваа услуга. Го поздравуваме појавувањето на овој сервис и се надеваме дека ќе стане недоминлив дел од нашето урбано живеење.

Related Posts with Thumbnails