wordpress counter

Зарем и ова постои?

СЛАДОК КОМПИР

СЛАДОК КОМПИР
Овој зеленчук нема никаква врска со компирот, онаков каков што го знаеме. Претставува посебен деликатес кој навистина заслужува восхит. Богатиот вкус на слаткиот компир и неговата портокалова боја се празник за секоја трпеза.

Се готви на пареа, се сече на тенки парчиња, се попрскува со зачини и му се дава завршен допир со парче путер. Или, пак, може да се испече и потоа да му се додаде лажица кисела павлака или јогурт измешан со рен.

Освен што е многу вкусен, овој компир ќе му донесе дополнителни количини на витамините А, Б6 и Е на вашиот организам.

ПЕКАН

ПЕКАН (ВИД ОРЕВ)
Ова е еден од американските плодови кои до денес останале американски, за разлика од пиперките, пченката, доматите и тиквата кои се произведуваат речиси насекаде низ светот. Првично започнал да се одгледува во Тексас од американските Индијанци. Плодот го пресувале за да добијат масло, кое пак го користеле за да ги згуснат кашите кои ги правеле. Секако дека немале поим дека пеканот е многу богат со антиоксиданси и може да помогне во намалувањето на холестеролот.

Свежиот пекан е благ и вкусен, со текстура како путер и нежна суптилност. И да, не го сакаат сите. Затоа е посебен.

КАСАВА КОРЕН
Касава е грмушесто и тропско растение кое може да израсне и до 5 метри во висина. Она што е посебно е дека неговите листови се секогаш со различна големина и изглед. Деловите кои се јадат се темнокафениот грутчест корен и листовите од дрвото.

Неговата употреба може да биде најразновидна. Како зеленчук во порција, рендан како фил за палачинки, сушен или сечкан како чипс за мезе.

Претежно успева во јужната хемисфера и бара малку вода. Во некои африкански и јужно-американски земји е основна храна.

Related Posts with Thumbnails