wordpress counter

Земјотресот во Италија уништи и преку 400.000 пити пармезан

Производителот на пармезан, Оријано Карети секако е среќен што го преживеа земјотресот во Италија. Но, неговиот бизнис не успеа. Складиштето во кое се чувале преку 30.000 пити пармезан (секоја со тежина од 39 килограми) е речиси уништено.

Покрај седум жртви и уништени бројни историски згради, Федерацијата на фармери објави дека се уништени и складишта за пармезан со преку 400.000 пити. Според процените, вкупните земјоделски штети надминаа 200 милиони евра. Тоа е страшен удар по регионалното рурално земјоделство.

Во меѓувреме, споствениците и работниците се обидуваат да спасат што може да се спаси. Преведено во бројки, во опасност се 10% од производството на пармезан, кое годишно носи околу 2 милијарди евра. Среќа во несреќа е дека околу 300.000 од питите се делумно оштетени и дека може да се спаси дел од производството.

Related Posts with Thumbnails