wordpress counter

Живи коприви

ЖИВИ КОПРИВИВо англиското селце Маршвуд, покрај Дорсет, се организира еден од најоткачените светски шампионати. Повеќе од 20 години пријавените кандидати се натпреваруваат во јадење живи коприви. Од година во година првенството е сѐ попосетено и ги собира егзибиционистите и авантуристите од сите краеви на светот.

Оваа година, 65 натпреварувачи добија по едно стебленце коприва долго 60 сантиметри, од кое треба да се гризнат и изедат листовите. По еден час борба, судиите ја мерат должината на соголениот дел од стеблото и меѓу преостанатите (да, многу од натпреварувачите кога ќе сфатат дека не се подготвени на ваков напор – се откажуваат) натпреварувачи се избира победникот. Во текот на натпреварувањето, одењето во тоалет и плукањето се најстрого забранети.

Сепак, искусните кандидати имаат исвои трикови. Имено, што повеќе од листовите ги прават во топка и потоа ја ставаат што подлабоко во усната празнина за да го минимизираат допирот на копривата со јазикот. Некој ќе рече непотребно трошење труд на кој единствена награда се фотографиите со болни гримаси.

Кај нас ваков тип на првенство би било вистинско уживање. Сеирот кој ќе им се фаќа на натпреварувачите ќе биде незаменливо задоволство.

Related Posts with Thumbnails