wordpress counter

Апликација: „iBeerFest“

iBeerFest
Категорија: Entertainment
Објавена: 11 април 2011
Продавач: Thomas Hauser
Верзија: 1.0.6.0
Јазик: англиски
9.6 МB

Преземи

Барања: компaтибилна со iPhone, iPod Touch и iPad. Потребен е iOS 3.0 или понова верзија.

„Октоберфест“ е веројатно најголемиот и најпознатиот фестивал на пивото во светот. Започнал да се одржува на 12-ти октомври 1810 година, во чест на свадбата помеѓу баварскиот принц Лудвиг и принцезата Тереза Фон Сахен – Хидбургхаузен. Оттогаш наваму, секоја година од втората поволина на септември па сѐ до првата недела на октомври, Минхен е домаќин на овој фестивал. „Биергартен фест“ е летен фестивал на пивото.

Токму за сите вљубеници во пивото и во „Октоберфест“, направена е апликацијата „iBeerfest“ која се однесува на претходно споменатите два фестивали. Оваа апликација ве снабдува со сите инфорамации и погодности за овие фестивали. Дури можете да ги слушнете информациите на оригинален минхенски сленг.

Со оваа апликација може да нарачувате пијалаци и јадење, да комуницирате, да инсталирате звук на вувузела.

Со апликацијата добивате убаво дизајниран изглед, шеги, целата љубов која создавачите на апликацијата ја внеле во неа и уште една редица слични работи. Сепак, не е бесплатна. Ќе мора да одвоите цели 0.99 долари за да си го дозоволите ова задоволство.

Related Posts with Thumbnails