wordpress counter

Апликација: „Taste of Croatia“

Taste of Croatia
Категорија: Travel & Local
Објавена: 08 јули 2011
Продавач: emusoft
Верзија: 1.1
Јазик: англиски
303 kB

ПРЕЗЕМИ

Барања: компaтибилна со Android 2.0 или понова верзија

Станува збор за прв мобилен гастрономски водич за Хрватска. За разлика од други слични проекти, овој е прв водич кој покрај веб страница нуди можност пристап до информации со помош на паметните мобилните уреди. Оваа „Андроид“ апликација функционира на принцип на геолоцирање, односно му овозможува на корисникот да ги пронајде препорачаните ресторани, коноби, винарии, локални производители и агротуризам во својата непосредна близина.

Проектот е наменет пред сѐ за туристите на кои им е потребна препорака кога треба да одлучат каде да одат да јадат нешто типично за Хрватска или нешто квалитетно. Ова е особено добра апликација за оние кои првпат ја посетуваат оваа земја и можат да бидат цел на бројните туристички замки.

Оваа апликација овозможува и промоција на мали производители кои имаат проблем со рекламирање на своите врвни производи. Покрај тоа, идејата е да се поттикнат туристите на авантура, истражување и запознавање на луѓето и приказните кои стојат зад производите.

Related Posts with Thumbnails