wordpress counter

Автомобил што вози на Кока Кола и Ментос

Се сеќавате ли на Стефан Волтц и на Фриц Гробе? Тоа се дечките кои измешаа Кока Кола и Ментос и добија навистина експлозивна комбинација. Овој пат ја искористија истата комбинација за да добијат погонско гориво за нивниот мал автомобил.

За овој подвиг им беа потребни 108 шишиња Кока Кола Zero и дури 648 ментос бонбони. Рака на срце, автомобилот беше мошне спор, но успеа да измине околу 67 метри. Секако дека на овој начин нема да се реши нафтената криза, но сепак е интересен обид за иновативен „извор“ на енергија.

Првиот обид на овие двајца „чудаци“ беше пред 4 години. Некој ќе каже дека во ова окружување на неверојатно брзи технолошки промени, 4 години за нова генерација на погонски горива на база на сода и бонбони е премногу долг период. Но, овие критики Волтц и Гробе не ги земаат здраво за готово. Се разбира, тие, за овој голем успех наздравија, со што друго ако не со Кока Кола Zero. Секако, без Ментос.

Related Posts with Thumbnails