wordpress counter

Бања со саќе, вино, чај и кафе

„Yunessun Spa Resort“ во Хаконе, Јапонија е навистина посебна бања. Овде, посетителите можат да уживаат во базени полнети со вино, саќе, кафе или зелен чај. Секој од базените има посебно влијание на кожата.

Базен со саќе
Од едно огромно буре истекува свежо саќе во затворен базен. Посетителите добиваат третман со кој се отстрануваат дамките од сонцето на кожата и се забавува нејзиното стареење. Причина се киселините кои се наоѓаат во јапонскиот национален пијалак.

Базен со зелен чај
Во овој затворен базен, зелениот чај истекува од чајник кој е висок преку 2 метри. Чајот е од планинските предели на Јапонија. Содржи антиоксиданси наречени катехини кои ги штитат клетките. Овој базен е најтопол, со оглед дека температурата на чајот е 42 степени.

Базен со вино
Овој базен е од отворен тип, а покрај него има огромно буре и статуа од стаклено шише за вино висока 3.6 метри. Расвератолот од црвеното вино помага како антиоксиданс. Базенот се полни со ново вино неколку пати во годината, а во ноември се полни со „Beaujolais Nouveau“, омиленото француско вино на Јапонците.

Базен со кафе
Кафето овде се вари со природна вода која извира од изворите покрај Хаконе. Кафето се надополнува неколку пати во текот на денот. Помага при намалување на целулит и отоци на кожата.

Покрај погореспоменатите услуги, во рамки на оваа бања има уште 26 други атракции како турски амам или финска сауна. Цената за една посета при која може да се користат сите центри во бањата чини 12.000 денари за возрасни и 6.000 денари за деца.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Водич за совршена скара (3 дел)

Денешната лекција за совршена скара е посветена на свинското месо. Кога станува збор за скара, тогаш најдобро е да одберете...

Close