wordpress counter

Без што не можат славните личности кога се бремени?

Познато е дека за време на бременоста се јавува неодолива желба за одредени видови храна. Како и останатите жени и холивудските ѕвезди имаат разни желби и потреби во овој тежок 9-месечен период. Ние, во продолжение ќе ви наведеме некои од најинтересните.

Натали Портман – кисела опсесија
Девојката која само пред некој ден освои два оскари, моментално е во 6-от месец на бременост. Денот не може да си го замисли без кисели краставички, кечап и сѐ што е кисело. Не знаеме какви желби има таткото Бенџамин Милепјед.

Анџелина Џоли – чокоманија
Џоли за време на бременоста со Вивиен и Нокс „таманела“ големи колчини на чоколадо. Особено она со цимет и чили. Покрај тоа, сладоледот, пицата и помфритот биле постојано на менито.

Кејт Бланшет – колачи и сладолед
Кејт за време на својата прва бременост се здебели цели 27 килограми. Главни виновници беа колачите и сладоледот.

Хајди Клум – ресторан и сред ноќ
Германската манекенка, за време на бременоста многу го измачи Сил. Сред ноќ, човекот морал да оде по ресторани за хамбургер и помфрит без кои Клум не можела да заспие.

Бритни Спирс – хартија и земја
Од сите желби, трите желби на Бритни ги прогласуваме за најоткачени. Хартија, земја и паста за заби! Не дека сакала постојано да ги јаде, туку само сакала да ги проба?!

Гвинет Полтроу – заборава дека е макробиотичар
Кога е бремена, Полтроу заборава дека е макробиотичар. Тогаш се „дави“ во мексиканска храна. Дури, сметала дека во Лондон нема доволно мексикански ресторани и дека пиците се многу мали.

Related Posts with Thumbnails