wordpress counter

Бијонсе планира да објави книга готвач

Кралицата на светската музичка сцена, Бијонсе, планира да издаде книга готвач. Веројатно, некое ДВД издание со тренинг вежби за добра форма би било попрофитабилно, но сепак, Бијонсе се реши за книга. Идејата ја добила од нејзината пријателка Гвинет Полтроу, која исто така издаде своја книга за готвење.

Книгата ќе ги содржи рецептите не нејзината мајка Тина, која секогаш се грижела на масата да има приготвено некои од омилените јадења на поп-дивата. Како и да е, колку и да изгледа преоптоварена со нејзината кариера, сепак наоѓа време да ужива и во кујната.

Во книгата ќе бидат објавени рецепти за некои од нејзините омилени јадења како: варен зеленчук, похувано пилешко месо, тестенини со сирење. Станува збор за специјалитети кои може да ги приготви секое семeјство.

Related Posts with Thumbnails