wordpress counter

„Bobble“ или како да ја направите водата подобра

Сите ја сакаме флашираната водата. Полесна за носење, секогаш ни е на дофат и докажано, на тој начин пиеме многу повеќе вода, која му е потребна за организмот.

Move Collective“ ја создаде таканаречената „Bobble water“, односно пакување за вода кое постојано може да го користите. Ова шише во себе има посебен филтер, кој ја прочистува водата која ја налевате во него. Значи, еднаш купувате, а го користите повеќе од 300 пати. Приближно една година.

На овој начин, можете да налеете вода од било кој извор (јавна чешма, домашна чешма, вода од бунар или од тоалет на некој граничен премин) и да не стравувате за вашето здравје. Филтерот во шишето ќе си ја заврпи својата работа.

Освен што има филтер, овој начин на полнење на водата има позитвни реперкусии по нашата планета. Имено, се намалува бројот на употребени платични шишиња и на тој начин ја заштитуваме животната средина.

А, да не зборуваме за дизајнот и изгледот на шишето. Тоа ќе ви го препуштиме вам, со фотографиите што следат:

Related Posts with Thumbnails