wordpress counter

Бургер со големина на пица

Кога ќе споменеме „јапонски“, тоа веднаш нѐ асоцира на нешто минијатурно, мало и минималистичко. Таа прва асоцијација ни доаѓа од фактот што, освен облакодерите, во Јапонија нема ништо друго големо. Сепак, еден американски синџир на ресторани реши да ja промени таа предрасуда.

„Бургер Кинг“ во Јапонија го создаде таканаречениот  „aмериканизиран“ хамбургер. Станува збор за хамбургер во големина на пица, кој ќе биде понуден на продажба во периодот од 11 ноември до 22 декември, односно станува збор за лимитирана празнична верзија.

Сличноста на овој бургер со пица не е само поради големината, туку и можноста да го поделите со пријателите. Искрено, „Бургер Кинг“ и кај нас може да ја земе предвид оваа опција, со оглед дека ние обожуваме мегаломански оброци, а претпоставуваме дека има многумина кои би размислиле дали воопшто ќе го поделат овој сендвич со некој друг.

Related Posts with Thumbnails