wordpress counter

Caramelo™ со своја iOS апликација

iCaramelo
Категорија: Lifestyle
Објавена: 18 ноември 2011
Продавач: Kolektiv doo Skopje
Верзија: 1.0
Јазик: македонски
5.8 МB

Преземи ја апликацијата

Барања: компaтибилна со iOS 3.1 или понова верзија

Кафетеријата Caramelo™ е првата кафетерија и угостителски објект воопшто во Македонија која изработи сопствена апликација – iCaramelo. Станува збор за апликација која работи на сите „Аpple“ уреди – iPhone 3GS, 4 и 4S, iPad и iPod touch (3 и 4 генерација).

Станува збор за апликација со која ќе можете лесно да ја пронајдете вашата омилена Caramelo™ локација, да го прегледате нивното комплетно мени (кое, патем, навистина е богато), да стапите во контакт за дополнителни информации или едноставно да ја дознаете понудата на денот.

Она што е интересно е дека преку апликацијата ќе можете да споделите дека сте во Caramelo™ и во кој пијалак уживате во моментот. На тој начин, сите ваши пријатели на Фејсбук, следачи на Твитер и останатите социјални мрежи ќе знаат кој пијалак ви е омилен во Caramelo™.

Апликацијата ја изработи агенцијата колектив™, која е одговорна за целокупното градење на брендот Caramelo™.

Преземете ја iCaramelo, бесплатно, на App Store!

Related Posts with Thumbnails