wordpress counter

Четири гастрономски наслови кои треба да излезат оваа есен

На светската гастрономска сцена, буквално секој час се случува нешто ново. Денешната статија ја посветуваме на неколку гастрономски книги кои ќе излезат од печат оваа есен.

„Meat Eater: Adventures from the Life of an American Hunter“
Steven Rinella 
Оваа книга содржи бројни инспирирачки, некогаш и бизарни приказни од лов на животни и нивно консумирање. Буквално, станува збор за животна приказна, со оглед дека авторот од најрана возраст е ловец и риболовец и е постојано во природата.

„This Is A Cookbook: Recipes For Real Life“
Max и Eli Sussman 
Макс е главен готвач во меката на пиците „Roberta’s“, додека Илај е готвач во „Mile End Delicatesssen“. Оваа книга содржи преку 60 рецепти кои ги демистифицираат процесите на готвење на славните готвачи. Затоа е одлично четиво за секој вљубеник во готвењето.

„Baking Out Loud: Fun Desserts With Big Flavors“
Hedy Goldsmith
Хеди Голдсмит израснала со колачиња кои се карактеристични за американското поднебје. Во оваа книга ни покажува како тие детски желби и слатки ги трансформирала во десерти за возрасни. Рецепти за кои ќе се зачудите дека можете да ги приготвите во домашни услови.

„Come In, We’re Closed: An Invitation To Staff Meals At The World’s Best Restaurants“
Christine Carroll и Jody Eddy со Ferran Adrià
Дали некогаш сте се запрашале што јаде персоналот во големите и светски познати ресторани. Оваа книга ќе ве одведе зад сцената на некои од најпознатите ресторани како што сеAd Hoc“ во Напа, „Dill“ во Рејкјавик, „The Fat Duck“ во Лондон, „Frasca“ во Денвер, „Uchi“ во Остин, „Michel Bras“ во Лајоле. Содржи повеќе од 150 рецепти и околу 300 фотографии.

Related Posts with Thumbnails