wordpress counter

Чинијата открива каков е мажот во кревет

Според списанието „Космополитен“, животот покрај маж може да биде сладок дури и ако не сака слатки работи за јадење. Еве какви интересни факти ни донесе ова истражување:

Сака кисела храна
Киселата и јаката храна се шок за организмот – тоа значи дека е личност која ужива во сè што е необично. Станува збор за лојален човек кој ги прифаќа своите обврски. Алергичен е на кавги и со него нема никогаш да имате некои сериозни проблеми.

Сака солена храна
Има постојана потреба за друштво и не сака да спие сам. Незаситен е во сексот и постојано сака да експериментира.

Сака слатка храна
Ова момче сака специјален третман и сака кога околу себе има истомисленици. Ужива во животот и не поднесува порази. За него може да се каже дека е хедонист. Не се срами да ги покаже своите чувства кон жената која ја сака.

Сака зачинета храна
Зачинетата храна ги стимулира нервните завршетоци. Овие вкусови поттикнуваат дополнителна енергија која го прави подготвен за промени. Вистински авантурист кој е секогаш подготвен за истражување. Ако сте расположени да одите по вода и оган, тогаш тој е вистинскиот избор.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Топ 10 причини зошто да пиеме пиво

Секој алкохолен пијалак, ако се пие во умерени количини, делува добро по нашете здравје. Во оваа статија наведуваме 10 причини...

Close