wordpress counter

Чизбургер патики

Славниот бренд „Vans“, се одлучи да дизајнира вистинско вкусно изненадување. Со оглед дека тие се мошне популарни, решија да се спојат со уште една многу популарна храна – чизбургерот. На тој начин настанаа „Vans Cheeseburger Slip-Ons.“

Кога ќе ги погледнете, можете да ги видите сите состојки на чизбургерот. Плескавица, лепче, кисели краставички, кечап. Сите се во правилен распоред како во сендвичот. Толку се реално направени, што дури може и да ги мириснете и да уживате во аромата на најпопуларниот сендвич на светот.

Можеби ќе биде проблематично како да се искомбинираат со останатиот дел од гардеробата, но веруваме дека тоа нема да им биде проблем на децата, со оглед дека засега постојат само детски модели.

Related Posts with Thumbnails