wordpress counter

Чоколадна соба

За педесетиот роденден на трговскиот центар во Калинград, русите решија да се засладат и направија соба од чоколадо. Оваа идеја е на литванската компанија „AD Hanters“, а  Елена Климент е главната скулпторка која ја создаде чоколадната соба.

За да го создаде ова уметничко дело, ѝ биле потребни 420 кг црно, бело и млечно чоколадо. Собата е со 20 квадратни метри и секој нејзин детал е чоколадна скулптура. Составот на овој производ е следен: 40% црно, 40% млечно и 20% бело чоколадо. Според зборовите на уметницата, овој проект претставува најпријатното нешто во кое учествувала, бидејќи за прв пат имала можност да прави фигури од толку пријатен матерјал.

Иако била соочена со многу предизвици за време на изработката на ова соба, со оглед дека воопшто не е лесно да се изработи толку реална чоколадна скулптура, сепак ова е едно од нејзините најдраги дела. Најдобриот момент од оваа изложба е тоа што на крајот целата соба била искршена на парчиња и поделена на сите посетители на трговскиот центар.

По овој настан, модниот дизајнер Карл Лагерфелд бил инспириран да направи чоколадна хотелска соба. За разлика од делото на Елена, тој во својата соба додава и чоколаден модел, направен по неговиот омилен модел Баптист Џибикони, кој јаде чоколаден сладолед. За оваа соба се употребени 10 тони квалитетно белгиско чоколадо.

Related Posts with Thumbnails