wordpress counter

Дарт Вејдер и Џедај хамбугери во Франција

Доколку сте вљубеник во „Star Wars“, тогаш оваа статија е наменета токму за вас. Еден француски синџир за брза храна ги претстави двата свои нови производи. Станува збор за два типа на хамбургери кои носaт имиња од филмот – Дарт Вејдер и Џедај.

Синџирот „Quick“ ги подготви овие два сендвичи во чест на 3Д верзијата на „The Phantom Menace“. Започнувајќи од март, купувачите ќе можат да уживаат во Дарт Вејдер бургер со лепче кое има црна боја.

Од друга страна, Џедај бургерот  ја нема зелената боја карактеристична за ликот Јода, но горниот дел од сендвичот наликува на вилица и може да ве исплаши. Или, како што би рекле фановите: „Подобро да одбереме црно обоен сендвич, отколку нешто што би можело да ве гризне“.

Оригинално, нема што! 

Related Posts with Thumbnails