wordpress counter

Декорација за Нова година

Остана уште само еден ден до највеселиот настан во годината. Овој текст го посветуваме на сите оние кои решија новата година да ја дочекаат во својот дом. На веселата атмосфера ѝ одговара вкусно приготвено мени и свечено поставена маса. Затоа, ви предлагаме еден убав начин како да ја украсите новогодишната трпеза.

Светкаво и сјајно
За свеж старт на новата година, масата декорирајте ја во сина, бела и сребрена боја. Не се вознемирувајте со прашањето дали добро ќе ги искомбинирате боите. Подеднакво употребете ги сите три бои и оставете сѐ да биде сјајно и светкаво.

За убава, празнична атмосфера, употребете сребрена фолија на масата. Таа ќе ѝ даде вистински новогодишен сјај на вечерта. Масата декорирајте ја со голем сад, полн со лампиони во овие три бои.

Како вазнички, може да искористите обични сребрени лименки. Отстранете ги сите етикети и ставете цвеќе. Овие лименки можете да ги направите и убави свеќници. Направете мали дупчиња на нив и ставете свеќи за топла атмосфера.

Салфетките се битен детал на новогодишната трпеза. Нека бидат сини, со сребрени детали, за да се вклопат во целата слика. Покрај секоја чинија ставете картичка со име на гостинот. Чиниите нека бидат бели, а чашите сини.

Related Posts with Thumbnails