wordpress counter

Ден на рестораните

Денот на рестораните е една навистина интересна манифестација. На овој ден секој може да отвори сопствен ресторан, кафе бар или било какво друго место за јадење. Ресторанот може да го отворите на кое било место – вашиот дом, канцеларија, во градина, во двор, на улица, во парк или на плажа.

Секако, зависно од годишното време. Со оглед дека следниот ден на ресторанот треба да се одржи на 17-ти февруари 2013 година, тогаш ќе мора да изберете некое затворено место.

Најважно од сè е вашата оригиналност. Не мора да биде ништо ексцентрично или чудно, но мора да биде креативно и оригинално, со цел купувачите да ве забележат. Идејата е луѓето да се забавуваат, да споделат искуства, да ги покажат своите готварски вештини.

Ресторанот може да го отворите сами, со партнери, пријатели, соседи или луѓе кои не ги познавате.

Оваа идеја потекнува од Хелсинки, Финска и се одржува 4 пати годишно. Се надеваме дека на некој од наредните датуми овој ден ќе се организира и кај нас.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Постпразнична детоксикација (2 дел)

Во првиот дел зборувавме за основите на детокцикацијата. Денес ќе ве запознаеме со нејзините предности и недостатоци. Покрај тоа, ќе...

Close