wordpress counter

Денес јас готвам

ДЕНЕС ЈАС ГОТВАМ или прирачник за малите готвачи
Автор: Марија Кристина Паланти

Еве една одлична книга и за нашите најмали готвачи. „Денес јас готвам“ е само една книга од серијалот книги кои Марија Бетаци им ги подарува на најмладите читатели. Станува збор за корисен прирачник за малите готвачи, во кој може да се најдат многу рецепти за подготовка на закуски, ужинки, пијалаци и десерти.

Освен рецептите, книгата содржи и текстови за исхраната и нејзината важност, како да се научи готварскиот речник, правила за убаво однесување за време на оброците и како да се приреди одлична забава.

Редакцијата на Гурман™ топло им препорачува на младите мајки да ја купат оваа книга како подарок за своите деца, не само затоа што никој не знае дали во некого од тие малечки се крие новиот Џејми Оливер, туку и да им помогнете на вашите деца да ја развиваат креативноста од најмали нозе.

Related Posts with Thumbnails