wordpress counter

Диета според хороскоп (1 дел)

Можеби ви делува како шега, но диетата според хороскоп станува сè попопуларна во светот. Луѓето им се обраќаат на астролози и нумеролози во обид да ги намалат килограмите.

Овен
За нив е важна комбинацијата од здрав пост и нискокалорични оброци. Воведете овошни денови во кои ќе изедете 1.5 кг овошје и ќе испиете 2 л вода. За појадок, добро е да консумирате две јаболка, а за ручек ориз и салати од краставица. Мошне важно е да пиете течности: вода, зеленчукови супи, сокови од зеленчук или овошје, а може и микс.

Бик
За биковите е важно да консумираат доволно овошје затоа што им треба шеќер. Приготвувајте богати салати од сезонски зеленчук, а еднаш дневно можете да консумирате и свинско месо приготвено на скара.

Близнаци
Оваа диета мора да биде практична и разновидна. Се препорачуваат млечни производи (јогурт, сирење). Тестенините треба да се избегнуваат. Важно е да пиете многу течности.

Рак
На раковите им се препорачуваат седум оборци дневно. За време на меѓуоброците можете да консумирате салати од зеленчук, маслиново масло и оцет. Покрај тоа, салатите може да бидат зачинети со сенф, лук и мед.

Лав
За нив е важно оброците секогаш да ги консумираат во исто време. На тој начин ќе има рамнотежа на размената на материи и тоа ќе влијае на намалување на телесната тежина. Сепак, лавовите не треба да се откажуваат од храна која носи енергија. Може од време на време да каснат шницла или тестенини.

Девица
Родените во овој знак треба да јадат неколку пати дневно по малку. Не заборавајте на нискокалоричен овошен јогурт, немасен јогурт и маслинки. За вечера салата од домати.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Најдобрите зелени чаеви

Постојат многу причини зошто да се пие зелен чај, кој се добива од листовите на растението Camellia sinensis. Овој вид...

Close