wordpress counter

Диета според хороскоп (2 дел)

Во вториот дел од оваа статија продолжуваме со останатите знаци на хороскопот.

Вага
На вагите им требаат полно мали оброци за да се чувствуваат задоволно. Храната треба да биде зачинета, понекогаш и со егзотичен вкус. Пробајте нешто ново, со што и слабеењето ќе ви стане интересно, како суши, тофу сирење со соја сос, мед и зачини.

Скорпија
Родените во овој знак треба да пијат што е можно повеќе течности. Вода, чаеви, сокови. Пет мали оброци на ден ќе ја задоволат вашата потреба. Наместо десерти, напијте се коктел од банани. Измиксајте 150 мл млеко со ниска масленост и една банана. Пијте чаеви за слабеење.

Стрелец
Диеталното мени треба да создржи енергетски богати продукти. Рецептите треба да бидат едноставни. На стрелците особено им е битен појадокот: мусли, два крекери со мармалад или една кришка интегрален леб со јајце.

Јарец
Јарците се скептични кога станува збор за диети. Тие успеваат да ја намалат тежината со мали оброци. За нив ужините се мошне важни. Предлози за ужина: интегрален леб со сирење, домати и босилек или јогурт со сусам.

Водолија
Многу помали оброци одговара на енергичната природа на водолиите. Предлог за меѓуоброк: измешајте 100 гр јагоди, 100 гр нискокалорично сирење, 2 големи лажици сок од портокал и една голема лажица мед.

Риби
Исхрана со многу течности е одлична за рибите. Тие треба да пијат и до 3 литри на ден. Уживајте во чаеви, вода или лимонада. Кога ќе почувствувате глад, јадете интегрални грицкалки или кекс од овесни снегулки. За вечера доволна ви е супа од домати. Пет оброци на ден ви се сосема доволни.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Полнети свински медаљони

Денешниот рецепт го посветуваме на вкусно јадење приготвено од свинско месо. Медаљоните можат да се полнат на различни начини, но...

Close