wordpress counter

Discovery Science ги открива најефектните афродизијаци (1 дел)

Еден од најпознатите светски научни канали, Discovery Science, испитувал кои видови храна имаат афродизијачко делување. Да го погледнеме нивниот список на продукти кои ќе ја направат вечерта полна со сексуална енергија.

Пита со тиква
За овој афродизијак веќе пишувавме. Според истражувањата спроведени од Центарот за мириси и вкусови во Чикаго, мирисот на печена тиква го зголемил протокот на крв во машкиот полов орган за 40%. Ако тој вкус и мирис не ви е омилен, можете да се обидете со пица со сирење, а жените со комбинација од ликорис и краставица. Сосема спротивно делува месото од мисирка.

Лути пиперчиња и зачини
Лутите пиперчиња и другата зачинета храна се одличен афродизијак. Покрај природната форма, можете да користите и екстракти од некои зачини (на пример, кајен бибер или чили).

Совет: обидете се да организирате вечера со зачинета храна во ресторан. Потоа, заминете на некое тивко и интимно место. Во меѓувреме, внимавајте на хуморот. Лошиот хумор делува анти афродизијачки.

Женшен
Иако азијатите одамна го користат женшенот како афродизијак, западната култура сѐ уште има предрасуди во врска со тоа. Според истражувањата, причина за вишокот сексуална енергија е тоа што овој корен создава малку повеќе енергија при неговото консумирање.

Related Posts with Thumbnails